Поврзете се со нас

НБА

Леброн со прво отсуство сезонава, Дончиќ неизвесен за дуелот со Оклахома Сити

Објавено

на

blank

ЛеБрон Џејмс првпат сезонава ќе пропушти натпревар на Лос Анџелес Лејкерс, додека Лука Дончиќ е неизвесен за дуелот на Далас и Оклахома Сити.

Во пресрет на последните натпревари пред Ол-стар викендот, Лејкерс се среќава со Сакраменто, а првата ѕвезда воопшто не отпатувала со тимот на гостувањето кај „кралевите“.

Џејмс има повреда не зглобот на левата нога и ќе добие третман во Ел-Еј, по што ќе се упати во Атланта каде треба да настапува за Западот на Ол-стар дуелот.

Дончиќ е неизвесен за пресметката меѓу Далас и Оклахома, бидејќи имал проблем со грбот, па домаќините можат да бидат сериозно ослабени на овој дуел.

Словенечкиот кошаркар сезонава пропушти само еден натпревар, а исто како и Џејмс, би требало да биде подготвен за Ол-стар натпреварот во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни