Поврзете се со нас

НБА

Леброн шутираше како Кари и му се придружи на Џордан (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Лос Анџелес Лејкерс дојде до посакуваната победа во соочувањето со Бруклин Нетс, победа од 116:114 во која главната улога ја имаше ветеранот Леброн Џејмс.

„Кралот“ покажа дека „грми“ и покрај тоа што е најстариот играч во НБА лигата, постигна 40 поени со 7 скока и 5 асистенции. Во својата 21. сезона, Леброн шутираше 13/17 од игра и го израмни рекордот во кариерата со 9 од 10 од три поени.

-Никогаш не треба да се потпирам на тројки затоа што можам многу работи, можам да погодам од секоја позиција на паркетот штом го минам центарот на теренот. Јас не сум човек кој сака да шутира 12, 14 или 15 тројки на натпревар. Но сакам почит, а тимовите мора да ме чуваат и подалеку од кошот. Тоа е нешто што тимовите сè уште го прават, тие мислат дека ако има нешто што треба да дозволат, тоа е јас да шутирам однадвор, -порача ѕвездата на „езерџиите“.

Со ова издание Леброн влезе во друштво на Мајкл Џордан како единствениот играч во историјата на лигата кој на 39 години постигнал најмалку 40 поени на повеќе од еден натпревар.

Ова беше втор ваков меч за Џејмс, додека Џордан кој играше до 40, тоа го направи три пати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни