Поврзете се со нас

НБА

Леброн се врати на паркетот, Лејкерс победи на домашен терен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс продолжува со топло-ладно изданијата во НБА лигата, но што е најважно за „езерџиите“, се уште се блиску до местата кои гарантираа плејоф разигрување.

Леброн Џејмс паузираше на претходниот меч со Јута поради мала повреда на зглобот, но „кралот“ се врати по поразот на неговиот соиграчи и рано утрово ги водеше до победа на домашен терен.

Лејкерс ја доби пресметката со Оклахома и стави крај на победничката серија на Тандерси од четири меча, славејќи пред домашните навивачи со резултат 112:105.

Повратникот Џејмс постигна 25 поени и придодаде со 7 скокови и 6 асистенции, но имаше огромна поддршка од Ентони Дејвис кој всушност имаше и подобра партија од него.

Центарот на Лејкерс запиша 27 поени, а имаше уште 15 скокови и 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни