НБА
Леброн се обложи со соиграч за време на натпревар, па погоди тројка без гледање (ВИДЕО)

Составот на Лос Анџелес Лејкерс лесно и убедливо ја доби и втората битка со Хјустон Рокетс во Тексас, овојпат со 117-100.
Гостите од Калифорнија имаа максимална контрола на играта и резултатот од првата до четвртата четвртина со што само уште еднаш потврдија дека тие се екипата кои противниците ќе мора да ја добијат ако го сакаат најважниот трофеј во НБА лигата.
Шест играчи на „езерџиите“ беа двоцифрени, Леброн со 26 и Дејвис со 19 беа најефикасни. На спротивната страна Вуд беше автор на 18 кошеви.
Дуелот во „Тојата Центарот“ воедно донесе и еден необичен момент во кој во главна улога беше Леброн Џејмс. Тој се најде во аголот по што беше преизвикан од соиграчот Денис Шрудер дека не може да погоди.
„Кралот“ го прифати предизвикот, облогот, шутна и погоди тројка без да гледа со што настана ерупција кај соиграчите од клупата.
LeBron having fun now 😳#CenterCourt pic.twitter.com/PbzIpcNWcK
— NBA TV (@NBATV) January 13, 2021
"First time I’ve seen LeBron do that.”
(📺: @SpectrumSN) pic.twitter.com/Tg46L2TI5X
— Los Angeles Lakers (@Lakers) January 13, 2021
-Тој ми кажа: Се обложувам дека нема да погодиш. За да го официјализирате облогот или морате да се ракувате или да го погледнете човек во очи. Тој кажа: „Обложи се“. Јас се свртев, го погледнав во очи и кажав. Договорено, -истакна Леброн.
Останати резултати: Филаделфија- Мајами 137-134, Кливленд- Јута со 87-117, Голден стејт-Индијана 95-104, Бруклин-Денвер 122-116, Оклахома-Сан Антонио 102-112

- Германијапред 13 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 12 часа
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 16 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 14 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 11 час
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 10 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме