Леброн се налути и ги победи Никси, Голден Стејт реди победи во низа (Видео)

lebron-kuca

Њујорк Никс на домашен терен изгуби од Кливленд Кавалирс со резултат од 104:101. Најинтересно е што Никси водеа и 23 поени разлика  во еден момент, за на крај, Леброн Џејмс да се разбуди и да му ја донесе победата на Кливленд. Џејмс позади неговото име запиша 23 поени, 12 асистенции и 9 скокови додека во спротивниот табор се издвои Тим Хардавеј со 28 поени, 10 скокови и 5 асистенции.

Голден Стејт Вориорс без Стеф Кари го победи Орландо со 110:100 и успеа да ја забележи седмата победа во низа. Најефикасен беше Кевин Дурент со постигнати 21 поен и 7 скокови. Во екипата на Орландо, најдобар беше Никола Вучичевиќ со постигнати 20 поени.

Facebook Коментари