Поврзете се со нас

НБА

ЛеБрон се круниса во „GOAT“: Јас сум број еден во историјата!

Објавено

на

Фото: twitter.com/Lakers

ЛеБрон Џејмс си обезбеди посебно место во НБА историјата со соборениот рекорд за најмногу постигнати поени, дополнително вжештувајќи ја и дебатата за најдобриот во историјата на лигата, па и самата игра.

Со години наназад фановите дебатираат дали Џејмс го надминал Мајкл Џордан, а сега ѕвездата на Л.А Лејкерс реши сам да ги „расчисти дилемите“ со искрена изјава.

Интересно е што истата е дадена уште пред почетокот на дуелот меѓу Лејкерс и Оклахома Сити, на кој падна рекордот на Карим Абдул-Џабар.

– Се чувствувам како најдобар кошаркар во историјата на оваа игра, – изјавил Џејмс за медиумите.

Во сличен стил бил одговорот на Џејмс и на прашањето на Шекил О’Нил за тоа кој е најдобар во историјата.

Рекордот на Абдул-Џабар датираше од 1984 година и изнесуваше 38387 поени во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни