Поврзете се со нас

НБА

Леброн проговори за инцидентот за Стјуарт: Не заслужив суспензија (ВИДЕО)

Објавено

на

Леброн Џејмс се врати на терените со фантастична партија против Индијана Пејсерс која неговиот Лос Анџелес Лејкерс успеа да го добие по продолжението со 124-116.

Ова воедно беше добра можност за Леброн за проговоори за тоа што се случи на претходниот меч против Детроит Пистонс, дуел на кој имаше близок контакт со Ајзеа Стјуарт, удар со кој го раскрвари центарот кој потоа сакаше физички да се пресметка со ѕвездата на Лејкерс.

Од НБА реагираа и Леброн беше суспендиран еден натпревар (против Њујорк), додека Ајзеа мораше да одмара два меча.

-Разговарав со луѓе од лигата за тој инцидент. Сакаа да ја слушнат мојата страна од приказната. Им кажав што имам, а тие го направија тоа што требаше да го направат. Се се случуваше околу линијата за слободни фрлања. Лактот му беше висок, ако го погледнете видеото ќе видите дека ме исфрли од рамнотежа. Неговиот лакт ја крена раката и се обидов да се задржам.

-Кога замавнав и тој изгуби рамнотежа и почувствував дека го удрив по лицето. Отидов да му се извинам, но видовте што се случи. Дефинитивно тоа беше случајно, -рече Џејмс кој смета дека не заслужил суспензија, нешто што првпат му се случи во НБА кариерата.

-Мислев дека не заслужувам суспензија поради тоа. Јасно ми беше за исклучувањето Но, мислам дека суспензијата не е оправдана, –заврши „кралот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни