Поврзете се со нас

НБА

Леброн пред битката со Јокиќ и компанија: Многу ги почитуваме, знаеме за што се способни

Објавено

на

Финалната битка на Западот ќе ја водат Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс, пресметка во која фаворити се „езерџиите“, но тоа дефинитивно ќе треба да го потврдат на терените во „меурот“ на Флорида.

Денвер во двете претходни рунди покажа неверојатен квалитет, истрајност, борбеност и издвојуваа победи над Јута Џез и ЛА Клиперс со 4-3 иако во тие серии губеа со 3-1. Поради ова во таборот на Лејкерс се внимателни и тоа се гледа по изјавата на првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс кој посочи колку го почитува составот од Колорадо.

-Тие се издржливи, имаат самодоверба, тие се добро подготвен тим. Потребно е многу енергија, напор, желба да добиете серија во која губите со 3: 1. И тоа го сторија двапати. Затоа тие заслужуваат голема почит. Ние ја дочекуваме оваа серија со свесност за што се способни, -истакна Леброн кој проговори и за Никола Јокиќ.

-Кога најдобриот играч на тимот не се грижи за себе поради благосостојбата на тимот, тоа испраќа порака до другите, -дополни Џејмс кој не сакаше да даде коментар за тоа дали го очекула Клиперс во финалето на Западот.

-Немам коментар за тоа. Го гледав натпреварот како љубител на оваа игра. Исто така како скаут за двата тима, -заврши кралот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни