Поврзете се со нас

НБА

Леброн правеше чуда и режираше брутално забивање, Денвер претрпе пораз во скромното издание на Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Неделната НБА програма заврши со големи возбудувања во Лос Анџелес и вистински кошаркарски трилер во „Крипто арената“, во кој последниот збор го имаше најдобриот кошаркар на паркетот.

Леброн Џејмс со погодено слободно фрлање на 2 секунди до крајот го реши победникот и донесе тесна победа за Лејкерси против Хјустон со резултат 105:104, но она што го правеше претходно беше навистина нешто посебно и се граничеше со чудо.

Ветеранот кој набрзо ќе полни 39 години и пркоси на возраста и последните три меча ги игра како во најдобрите денови, но овој утрово беше навистина специјален бидејќи го прикажа сиот свој разновиден репертоар.

„Кралот Џејмс“ го заврши мечот со 37 поени, 6 скокови и 8 асистенции, но режираше и едно брутално забивање кое ги стана на нозе сите негови соиграчи и гледачите на трибините.

Со овој триумф, Лејкерси се искачија на шестото место, додека Денвер влезе во мала криза и сега го претрпе третиот пораз на последните четири меча во НБА лигата. Никола Јокиќ беше далеку под својот просек и го заврши мечот со 18 поени, 10 скокови и 7 асистенции, учинок кој за многумина е исклучително добар, но не и за Србинот кој наметна страшни стандарди веќе три сезони.

Денвер загуби на гостувањето кај Кливленд со 121:109, а пораз претрпе и Далас кој на домашен терен беше надигран од Сакраменто со 113:129.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни