Поврзете се со нас

НБА

Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)

Објавено

на

Леброн Џејмс важи за играч кој вечно ќе биде споредуван со Мајкл Џордан поради низата рекорди кои ги урна во НБА лигата, а иако според многумина никогаш нема да стигне до квалитетот на „Ем-Џеј“, дебатата вечно ќе трае и ќе има поделени мислења.

Џејмс пред извесно време истакна дека веќе никогаш до крајот на кариера нема да дозволи да остане без плејоф завршница во НБА лигата, бидејќи посебно тешко му паднало да гледа како неговите колеги се борат во разигрувањето, додека тој ги гледа само од ТВ приемникот.

Поради слободното време кое го има во изобилство, Леброн денеска реши да одговара на прашања кои ќе му бидат поставени од фановите и новинарите, а доста интересно беше едно кое му го постави „Ес-Би нејшн“.

Прашањето беше кој играч од минатото и сегашноста би го избрал за дуел „два на два“ против Мајкл Џордан и Скоти Пипен, по што Џејмс одговори.

– Коби, Кевин Дурент или Кајри Ирвинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни