Леброн откако Лејкерс со пресврт му го нанесе првиот пораз на Мајами: На полувремето бев нападнат од соиграчите

lebron-zali

Лос Анџелес Лејкер продолжи со победите во НБА лигата и изминатава вечер, и тоа на едно од најтешките гостувањата оваа сезона.

Мајами влезе во дуелот со „езерџиите“ со перфектен учинок од 11 победи на 11 натпревари на домашен терен, но иако се чинеше дека тоа ќе продолжи така со оглед на тоа што „жешките“ водеа 8 разлика на полувремето, гостите не се согласија со тоа. Леброн се активираше во вториот дел и го остави зад себе лошото прво полувреме, бидејќи во воведениот дел од играта постигна само 11 поени, со катастрофален шут 4 од 11, а притоа дури седум пати ја загуби топката.

– Моите соиграчи тргнаа по мене и ме нападнаа. Ми рекоа дека играм препасивно, мислејќи премногу на својата игра, наместо да го читам натпреварот. Дејвис и Казнс ме фатија и ми рекоа дека треба да бидам само свој. Вистинска среќа е што на еден натпревар има две полувремиња. Првото можам да го фрлам, а потоа да се вратам и да му помогнам на тимот да победи во второто.

Инаку, Лејкерс тесно го доби дуелот со 110:113, Леброн се поправи и го заврши мечот со 28 поени, 9 скокови и 12 асистенции, а најефикасен беше Ентони Дејвис со 33 поени. Во првиот пораз на Мајами на домашен терен, најдобар беше Батлер со 23 поени, следен од Џоунс кој уфрли 17.

НБА резултати:

Мајами – ЛА Лејкерс 110-113
Орландо – Хјустон 107-130
Филаделфија – Њу Орлеанс 116-109
Атланта – Индијана 100-110
Чикаго – Шарлот 73-83
Мемфис – Милвоки 114-127
Јута – Голден Стејт 114-106
Минесота – Голден Стејт 117-124
Сакраменто – Њујорк 101-103

Facebook Коментари