Поврзете се со нас

НБА

Леброн остана без зборови по дебаклот на Лејкерс: Што треба да се промени?

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс потона на гостувањето во Филаделфија каде загуби од Севентисиксерс со 138:94.

„Езерџиите“ одиграа катастрофален меч, го доживеаа најтешкиот пораз во пресметките со Филаделфија, а воедно ова за Леброн Џејмс беше најтежок пораз во досегашната НБА кариера, негативен резултат кој пак го избриша новиот негов рекорд, стана играч со најмногу поминато време на теренот во историјата на НБА.

-Тоа не ми значи многу на мене, -искоментира Џејмс кој запрашан за тоа што Лејкерс треба да промени неговиот одговор беше краток.

-Што треба да се промени за да ова повторно не ни се случи? Многу работи, -истакна „кралот“ кој доби потпрашање дали Лејкерс треба да се фокусина на нешто конретно, а тој порача:

-Не. многу работи, -истакна ветеранот на кого дефинитивно тешко му падна ова издание на екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни