Поврзете се со нас

НБА

Леброн не доби ниту еден глас во изборот за најдобар играч во НБА, па испрати кратка порака (ФОТО)

Објавено

на

Леброн Џејмс на крајот на месец декември ќе го прослави 37 роденден, но без разлика на возраста се очекува да биде вистински лидер на Лос Анџелес Лејкерс во сезоната која престои, сезона во која клубот од Калифорнија ќе се обиде да го врати пехарот во „Стејплс Центарот“.

Меѓутоа многумина не веруваат во „кралот“ и тоа скаути, експерти и тоа го покажа најновото истражување, анкета која ја спроведе ЕСПН. Имено десет скаути и генерални менаџери имаа можност да го изберат најдобриот играч во лигата, а интересно Леброн не доби ниту еден глас.

Ѕвездите на Милвоки Бакс и Бруклин Нетс, Јанис Адетокумбо и Кевин Дурент ја поделија првата позиција со по пет гласови, па на сето ова одговор имаше четирикратниот шампион.

-Ви благодарам. Само што ми додадовте уште малку гориво, -порача Џејмс кој во минатата кампања се мачеше со повреди и имаше учинок од 25 поени,  7,8 асистенции и 7,7 скокови по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни