Поврзете се со нас

НБА

Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана

Објавено

на

blank

Во текот на вчерашниот ден искусниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ упати порака до еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс да се држи настрана од политиката.

Ибра му посочи на Леброн да го прави тоа во што е најдобар, односно да се насочи кон играњето кошарка, а на ваквата објава веднаш стигна одговор од Леброн Џејмс.

– Јас зборувам за моите луѓе, за расизмот, за социјалната неправда, притисокот при гласањето, работите кои се случуваат во заедницата затоа што сум дел од моја заедница. Гледам голем број деца во мојата заедница на кои им е потребен глас и јас сум нивниот глас, нема шанси да се држам настрана само поради спортот затоа што знам колку е моќен мојот глас, -изјави Леброн, а потоа директно го спомна и Ибрахимовиќ.

– Чудно од негова страна што зборува такви работи затоа што тој е истиот човек кој зборуваше дека во Шведска ги трпи истите работи. Затоа што неговото презиме не е вообичаено таму па почувствувал расизам кога бил на теренот, тоа го зборуваше. Погрешно е јас да сум мета на напади, -јасен беше Леброн Џејмс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни