Поврзете се со нас

НБА

Леброн ја покажа својата големина откако доби удар во лицето од Мареј: Не сакав да го исклучат (Видео)

Објавено

на

blank

На  третиот финален натпревар од Западната конференција кој припадна во корист на Денвер Нагетс се случи и еден спорен момент.

Леброн Џејмс беше во дуел со Џамал Мареј кога кошаркарот на Денвер без да сака со лакто го погоди во брадата.

Леброн падна на паркетот како покосен, но откако стана воопшто не се побуни и не побара противникот да добие техничка грешка или да биде исклучен.

По натпреварот самиот Џејмс истакна дека потегот на Мареј не бил намерен и дека токму затоа тој не сакал играчот да биде исклучен од натпреварот.

– Поставував блок, а тој високо го подигна лактот име удри во брадата. Не ме интересира дали беше намерно, не сакав да излезе затоа што сакам да се натпреварувам. Мислам дека тоа не го направи намерно, бев малку на подот, но во ред сум и веднаш се вративм, -изјави Леброн.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни