Поврзете се со нас

НБА

Леброн ја испорача асистенцијата на вечерта по големото финале (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс е првиот играч кој ја доби МВП наградата во НБА Купот, откако „кралот“ беше избран за најдобар од страна на експертите и гласачите на турнирот кој оваа година доби своја промоција.

НБА Купот се одигра на средина на сезоната и во своето прво издание видовме победа на „езерџиите“, кои во седумте натпревари беа водени од својот лидер и прва ѕвезда.

Леброн во големото финале против Индијана имаше учинок од 24 поени, 11 скокови и 4 асистенции, но беше уште подобар на претходните натпревари на кои Лејкерси беа непогрешливи.

Џејмс како предводник на тимот го подигна првиот трофеј во НБА Купот, но интересно асистенцијата на вечера ја имаше по крајот на финалето.

При доделувањето на шампионските капчиња, Леброн реши предност да му даде на својот соиграч Ентони Дејвис, кого успеа да го „проигра“ на извонреден начин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни