Поврзете се со нас

Англија

Леброн испрати порака до Клоп по веста дека ќе го напушти Ливерпул

Објавено

на

Јирген Клоп го шокираше фудбалскиот свет со одлуката да го напушти премиерлигашот Ливерпул по крајот на оваа сезона.

Од нигде никаде стигна информацијата дека Германецот ќе ја заврши приказната со „црвените“ кои успеа комплетно да ги трансформира низ годиниве, да ги направи еден од најдобрите тимови на светот, да освои многу титули, па дури и да започне една нова ера од оваа сезона во која Ливерпул засега „лета“ во сите конкуренции и може да има супер успешна кампања.

Меѓутоа Клоп смета дека е време за промена или поточно е исцрпен, му недостасува енергија и сака да направи пауза од фудбалот некој период. Секако по оваа вест имаше и се уште има реакции, коментари, а една од нив дојде и од најголемаат ѕвезда во НБА лигата, Леброн Џејмс кој испрати порака до менаџерот на англискиот великан.

-Ти благодарам за се! Ти се страшен менаџер и никогаш нема да бидеш заборавен и што е најважно „YOU’LL NEVER WALK ALONE“. Ќе им недостасуваше на црвените, -порача Леброн кој е голем фан на Ливерпул и воедно дел од сопсвеничката структура на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни