Поврзете се со нас

НБА

Леброн им испрати порака на сите оние кои го критикуваат новиот тим на Лејкерс (ФОТО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс по разочарувачката сезона во НБА лигата тргна во градење на нов тим кој ќе може да ја нападне титулата и ако се суди по досегашните потези тогаш повеќе од јасно е дека ќе имаат состав кој ќе има што да каже во натпреварувачката 2021/2022.

„Езерџиите“ во досегашниот период за трансфери се одлучија за ангажман на проверени, докажани имиња од кои најголем дел го носеле дресот на овој клуб во минатото, па така беа доведени Тревор Ариза, Двајт Хауард, Кент Бејзмор и Вејн Елингтон, но беа уште донесени уште Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Кендрик Нан и Малик Монк, плус нов договор потпиша Тален Хортон-Такер.

Ако на ова се додадат Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Марк Гасол кои имаат договор со клубот тогаш повеќе од јасно е дека дека се работи за моќна екипа, но има и такви кои не се согласуваат со ова, кои сметаат дека на едно место се еден куп ветерани кои нема да можат да ги оправдаат очекувањата.

Ваквите критики допреа до Леброн кој одлучи да испрати една порака до истите.

-Продолжете да зборувате за мојот тим, нашите години, начинот на кој играат, дека нашето време во ова лига е поминато и итн. Направете ми една услуга, навистина ве молам задржете ja истата енергија кога се ќе започне. Само тоа го барам, ви благодарам, -истакна Леброн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни