Поврзете се со нас

НБА

Леброн и Дејвис го оставија Лејкерс во игра за директен пласман во плејофот, Милвоки го надигра Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс славеше во Индијанаполис над Индијана Пејсерс со 122-115 и ги задржа шансите за директен пласман во плејофот.

Актуелниот првак се избори за предност во првата четвртина (36-28) по што истата без проблеми ја одбрани во преостанатиот дел од натпреварот. Дејвис имаше дабл-дабл од 28 поени и 10 скокови, а пак повратникот Леброн реализираше 24 со 7 скокови и 8 асистенции.

Со ова славје „езерџиите“ се израмнија со учинокот на Портланд (41-30), меѓутоа имаат послаб меѓусебен скор, па затоа во последната рунда ќе им биде потребен триумф над Њу Орлеанс и пораз на Блејзерс од Денвер за да дојдат до шестата позиција на Западот, односно да ја избегнат плеј-ин фазата, дополнителното разигрување за влез во плејофот.

Милвоки Бакс го преслуша Мајами Хит со 122-108 во дуелот кој можеме да го гледаме во првата рунда од разигруавњето на Истокот. Бакси одиграа тимска кошарка, седум играчи беа двоцифрени, лидери беа Форбс и Мидлтон со по 21 кош.

Кај „жешките“ во прв план беше плејмејкерот Нан со 31 поен.

Резултати:

Бруклин – Чикаго 105:91
Индијана – ЛА Лејкерс 115:122
Њујорк – Шарлот 118:109
Минесота – Бостон 108:124
Сан Антонио – Феникс 103:140
Милвоки – Мајами 122:108

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни