Поврзете се со нас

НБА

ЛеБрон го урна неверојатниот рекорд на Џордан, но му требаа 500 натпревари повеќе (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

ЛеБрон Џејмс продолжи да пишува своја историја во НБА лигата, и тоа само неколку денови откако влезе во петтата деценија од животот.

Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс постигна 30 поени во победата над Атланта со резултат 119:102, а овој учинок беше доволен за да го потисне легендарниот Мајкл Џордан во уште една историска категорија.

ЛеБрон Џејмс од рано утрово е единствениот кошаркар во историјата кој постигнал најмалку 30 поени на 563 натпревари во НБА лигата, еден повеќе од неповторливиот „Ем Џеј“.

Џордан одигра 15 сезони во НБА лигата и на повеќе од половина од 1072 натпревари постигна барем 30 поени (562), а ЛеБрон стигна до 563 со седум сезони повеќе и со речиси 500 натпревари повеќе (1523).

ЛеБрон наполни 40 години на крајот на месец декември и јасно е дека ќе урива уште низа рекорди на оваа возраст, откако претходно оваа сезона го надмина Карим Абдул Џабар со најмногу одиграни минути во НБА лигата, но и по бројот на постигнати поени како единствен со над 40 илјади постигнати поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни