Леброн го предводеше Кливленд до нова победа, Лилард „испука“ 50 поени за 29 минути (Видео)

Составот на Кливленд Кавалирс дојде до 32 победа во 54 сезонски натпревар во НБА лигата, откако рано утрово ја надигра Атланта Хокс на нивен паркет со 123-107.

Кавси беа подобри во сите четири периоди, лидер беше Џејмс кој запиша трипл-дабл од 22 поени, 12 скокови и 19 асистенции, а фантастични од клупата за резерви беа Корвер и Грин кои заедно реализираа 54 кошеви. Кај домашните најзабележителен лик беше плејмејкерот Шрудер со 25 поени.

Лилард „испука“ 8 тројки и даде 50 поени за 29 минути со што беше клучен играч во триумфот на Портланд кај Сакраменто со 118-100. Ова за Блејзерси беше 31 славје со што во моментов се на 5 позиција на Западот, додека пак Кингс се 14 во истата конференција.

Останати резултати:

Чикаго-Минесота 114-113

Јута-Шарлот 106-94

Мајами-Шарлот 91-85

Хјустон-Денвер 130-104

Бостон-Индијана 91-97

Филаделфија-Њу Орлеанс 100-82

Детроит-Клиперс 95-108

Facebook Коментари