Поврзете се со нас

НБА

Леброн го однесе Лејкерс во финалето на Западот па порача: Кога јас ќе дојдам во некој тим…

Објавено

на

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс лесно се справија со Хјустон во полуфиналето на Западот откако со високи 4:1 во серијата се пласираа во конференциското финале.

Доцна синоќа предводени од Леброн Џејмс, „езерџиите“ стигнаа до убедлива победа од 119:96 и сосема заслужено се пласираа во своето прво конференциско финале по цели десет години.

Кај Лејкерс најдобар поединец беше Џејмс со 29 поени и 11 скокови, а одлични беа Кајл Кузма со 17 и Маркиф Морис со 16 поени. Ентони Дејвис на овој натпревар не беше поентерски толку расположен, но средбата ја заврши со дабл-дабл учинок (13 поени и 11 скокови).

Во редовите на Хјустон Роктест, Џејмс Харден запиша 30 поени, но не беше најрасположен во текот на целиот натпревар.

По средбата со свој коментар излезе и „кралот“ Џејмс кој го привлече вниманието кон себе.

– Јас имам име и стаж во оваа лига, сум постигнал некои работи. Кога ќе се одлучам да дојдам во некој тим, тоа со себе носи и некои одговорности. Моето име доаѓа со победите, ја преземам одговорноста за победување, -изјави Џејмс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни