Поврзете се со нас

НБА

Леброн го доби спектакуларниот дуел со Дурент, Лејкерс преку драма до полуфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Рано утрово се одиграа и останатите две четвртфинални пресметки во НБА Купот, па така го добивме конечниот изглед за завршниот турнир кој ќе се игра во ова новоформирано натпреварување.

Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс им се приклучија на Индијана и Њу Орлеанс, но вистински хајлајт на вечерта беше дуелот меѓу двата ветерани Леброн Џејмс и Кевин Дурент.

Иако се чинеше дека Дурантула ќе биде поуспешен, „кралот“ Џејмс се разбуди во вистински момент и уште еднаш покажа дека е несопирлив, па како лидер ги водеше „езерџиите“ до драматична победа над Феникс од 106:103.

Леброн постигна 15 поени во последната четвртина и на крајот го заврши мечот со учинок од 31 поени, 8 скокови и асистенции, но на тоа придодаде и дури пет украдени топки.

На спротивната страна, Дурент исто така запиша 31 поен, а ѕвездата на „сонцата“ имаше и 7 скока и 4 асистенции. Во второто четвртфинале кое се играше утрово, Милвоки го декласираше Њујорк со 146:122.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни