Леброн го доби дуелот со Роуз, „езерџиите“ им се вратија на победите

lebron-minesota1

ЛА Лејкерс продолжува со игрите „топло-ладно“ на стартот на новата натпреварувачка сезона во НБА лигата, па така по поразото од Торонто, „езерџиите“ изминатава ноќ со доста мака се справија со Минесота.

Гостите се покажаа како навистина цврст орев и влегоа со предност во последната четвртина, но сепак во одлучувачките моменти подобри беа играчите на Лејкерс кои клучниот период го добија со 28:22, со што беше направена пресудната разлика за конечните 114:110.

Леброн Џејмс беше најдобар поединец во редовите на домашниот тим со 24 поени, 10 скока и 9 асистенции, а во противничкиот табор повторно се истакна Дерик Роуз кој беше најефикасен на паркетот со 31 поен, следен од Батлер кој уфрли 24.

НБА резултати:

Кливленд – Оклахома 86:95

Орландо – Детроит 96:103

Атланта – Њујорк 107:112

Мајами – Сан Антонио 95:88

Индијана – Филаделфија 94:100

Мемфис – Денвер 89:87

Њу Орлеанс – Чикаго 107:98

Јута – Далас 117:102

Сакраменто – Торонто 105:114

Facebook Коментари