Леброн со фасцинантен пируета пас ги збуни противниците и ги воодушеви НБА фановите (Видео)

lebro-pokazuva

Изминатава вечер се одиграа шест подготвителни натпревари во Америка како загревање за НБА лигата, со тоа што главниот фокус беше ставен на случувањата во Лос Анџелес, од каде ни пристигна и потегот на вечерта.

ЛА Лејкерс го победи Голден Стејт со уверливи 126:93 и им стави јасно до знање на „воините“ дека во новата сезона ќе имаат доста потешкотии, натпревар кој ни донесе една урнебесна акција од страна на Џавал МекГи, но и една мајсторија од Леброн Џејмс. „Кралот“ Џејмс го има потегот на вечерта во Америка, бидејќи изрежира еден фасцинантен пируета пас со кој ги излуде фановите, а по кој Грин погоди тројка во свој стил.

Facebook Коментари