НБА
ЛеБрон држи кошаркарски лекции во НБА на осум дена пред да наполни 40 години (Видео)
ЛеБрон Џејмс е буквално неуништлив и тоа го покажува од сезона во сезона при самиот залез на кариерата, за која се уште нема најавено крај пред самиот влез во петтата деценија од животот.
„Кралот“ ќе наполни 40 години за точно осум дена и ќе „раситни“ уште едно важно поглавје во својот живот, но тоа не го спречува да дели кошаркарски лекции во НБА лигата и во оваа фаза од кариерата.
Џејмс рано утрово беше незадржлив на гостувањето кај Сакраменто и беше лидер во победата која ја оствари Лејкерс, завршувајќи го мечот со 32 поени, 7 скокови, 6 асистенции и 4 украдени топки.
Со бравурозното издание во Калифорнија ЛеБрон го украде шоуто на социјалните мрежи, особено што имаше неколку движења и забивања како во најдобрите денови.
Во победата од 103:99 доби поддршка и од Расел кој мечот го заврши со 20 поени, Ривс уфрли 16, додека Ентони Дејвис беше клучен во фазата на одбрана со 15 скокови (постигна и 10 поени во офанзивен дел).
LEBRON JAMES IS NEARLY 40 YEARS OLD DOING THIS 😲
This stretch for the Lakers to close the quarter against the Kings 🔥 pic.twitter.com/QGZItAkFBU
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 21, 2024
LEBRON WENT TO WORK IN SACRAMENTO 👑
32 PTS, 7 REB, 6 AST, 4 STL
LED LA TO THE ROAD W 🙌 pic.twitter.com/lqfKYtWpAQ
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 22, 2024
НБА резултати:
Сакраменто – Лејкерс 99:103
Орландо – Мајами 121:114
Атланта – Мемфис 112:128
Бруклин – Јута 94:105
Чикаго – Бостон 98:123
Кливленд – Филаделфија 126:99
Милвоки – Вашингтон 112:101
Минесота – Голден Стејт 103:113
Њу Орлеанс – Њујорк 93:104
Далас – Клиперс 113:97
Сан Антонио – Портланд 114:94
Феникс – Детроит 125:133
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства21 час
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија14 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија20 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација21 час
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!