Поврзете се со нас

НБА

Леброн доби место во најдобрата петорка во лигата и испиша нова историја во НБА (ФОТО)

Објавено

на

По изборот на двете најдобри петорки на дебитантите во лигата, од НБА излегоа со официјална информација, вест за најквалитетните петорки во оваа кампања во најсилниот кошаркарски шампионат на светот.

Првата „петка“ ја предводи Леброн Џејмс кој освои максимален број на бодови (500) од новинарите и медиумите исто како и ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо. Со овој избор Џејмс испиша нова историја во НБА лигата, стана играч со најмногу признанија, учества во најдобрите екипи, односно ова за него беше 16 селекција со што дојде на врвот оставајќи ги зад себе легендарните Карим-Абдул Џабар (15), Коби Брајант (15) и Тим Данкан (15).

Освен Џејмс и Јанис во првиот тим се најдоа уште Ентони Дејвис, Џејмс Харден и Лука Дончиќ од Далас Маверикс. Словенецот стана шести играч кој со 21 година или помалку успеал да дојде до првата петорка на кампањата.

Поставата број два пак ја сочинуваат Крис Пол, Демиен Лилард, Паскал Сиакам, центарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ и Каваи Ленард од ЛА Клиперс.

Во третата петорка беа избрани Расел Вестбрук, Џејсон Тејтум, Бен Симонс, Руди Гобер и асот на Мајами Хит, Џими Батлер.

Изборот беше направен врз оснава на настапите на играчите заклучно до 11 март, односно до прекинот на сезоната поради КОВИД-19. Познато е дека потоа кампањата продолжи со „меурот“ во Флорида каде сега се игра завршницата во источната и западната конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни