Поврзете се со нас

НБА

Леброн доби 104 милиони долари за да остане во Лејкерс

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Леброн Џејмс и во блиска иднина ќе биде дел од тимот на Лос Анџелес Лејкерс откако се согласи да потпише нов договор со организацијата од Калифорнија.

„Кралот“ прифати двегодишен договор вреден 104 милиони долари што не е изненадување, поточно е очекувано откако Лејкерс го избра неговиот син Брони на овогодинешниот НБА драфт.

Во договорот има играчка опција за сезоната 2025-2026 и клаузула според која не може да биде разменет, испратен во друг тим. Договорот го враќа Џејмс во неговата 22. сезона во најсилната лига на светот и во суштина станува соработка „еден плус еден“ што му овозможува повторно да ја процени својата иднина во Лејкерс и НБА следното лето.

Џејмс од 2018 годинина е дел од „езерџиите“ со кои досега освои една титула, но и новото натпреварување НБА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни