Поврзете се со нас

НБА

ЛеБрон броеше до 40, Кари последен се смееше во калифорниското дерби (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/warriors

ЛеБрон Џејмс постигна дури 40 поени, но Лос Анџелес Лејкерс го загубија важниот натпревар со Голден Стејт, кој беше одбележан и со одличниот настап на повратникот Стеф Кари.

Кари паузираше поради повреда, но се врати во тимот за дербито меѓу две екипи кои се борат за место во плејофот, па го заврши натпреварот со 31 поен, многу повредни од тие на Џејмс поради фактот што „воините“ победија со резултат 121:128.

Томпсон со 26 и Куминга со 23 поени биле одлична поддршка за Кари, додека кај Лејкерс, Расел го завршил дуелот со 23 поени.

Едвардс со 31 поен и 10 скокови ја предводел Минесота до победа на гостувањето кај Јута, а својот одличен скор го надгради Оклахома Сити, која славеше на гостувањето кај Мемфис (112:118).

Индијана – Бруклин 121:100
Њу Орлеанс – Портланд 126:107
Филаделфија – Шарлот 109:98
Чикаго – Вашингтон 127:98
Мемфис – Оклахома 112:118
Л.А Лејкерс – Голден Стејт 121:128
Јута – Минесота 100:119
Сакраменто – Њујорк 91:98
Хјустон – Кливленд 117:103

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни