Поврзете се со нас

НБА

Леброн без влакна на јазикот: Тоа е сра*е, веднаш треба да биде отпуштен

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс игра многу лошо, резултатите не се подобрија ни со враќањата на првите ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис и може лесно да се случи актуелниот шампион да мора да разигрува за да биде во плејофот.

„Езерџиите“ во моментов се на шестата позиција на Западот со идентичен учинок како петтопласираниот Далас Маверикс и Портланд Трејл Блејзерс. Во случај да Лејкерс го заврши регуларниот дел на седмото место, тогаш ќе мора да игра „плеј-ин“ кој во НБА е воведен од минатата година.

-Кој и да го смислил тоа срање, мора да биде отпуштен, -порача директно Џејмс.

Инаку оваа сезона екипите кои се од 7 до 10 место во двете конференции ќе играат „плеј-ин“, поточно дополнителни мечеви за го потврдат местото во разигрувањето за пехарот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни