Поврзете се со нас

Англија

Лебеф за играчот кој Челси мора да го ангажира: Ми се допаѓа неговата зрелост на теренот…

Објавено

на

Премиерлигашот Челси дефинитивно ќе биде активен во наредниот трансфер период, па прашањето е која ќе биде главната трансфер мета.

Низ медиумите „сините“ со поврзуваат со Филипе Кутињо кој по тивкиот престој во Барселона не се снајде ниту во Баерн Минхен, па според Лебеф „сините“ треба да заборават на бразилскиот репрезентативец и целото внимание да го насочар кон Каи Хаверц кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.

-Ми се допаѓа неговата зрелост на теренот, тој изгледа како некој кој има 30 години и точно знае што треба да направи и кога треба да го стори тоа. Голот што го постигна беше многу паметен, меѓу нозете на голманот.

-Тој е главен во оркестарот на тој тим, зборував за него минатата седмица и реков дека е играч што сигурно би го ангажирал.

-Кога заборуваме за Челси и Кутињо, кога ќе го видите тој играч [Хаверц], тој треба да биде во Премиер лигата. Треба затоа што е многу, многу талентиран играч, -рече Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни