Англија
Лебеф: Само два тима се во трка за титулата во Премиер лигата
Вечерва ќе биде затворено 14. коло во Премиер лигата, но веќе се одиграни најголемиот дел од натпреварите, поточно своите обврски ги завршија екипите кои реално се борат за врвот, топ 4 на табелата.
Лидерот Ливерпул по подолго време загуби бодови и тоа на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ кај Њукасл (3-3), „кикс“ кој беше искористен од Челси и Арсенал кои сега се на минус седум во однос на водечкиот тим на табелата. И Манчестер Сити сега е на едноцифрена разлика од избраниците на Арне Слот, но без разлика на овие случувања некогашниот француски репрезентативец Франк Лебеф смета дека само два тима се реални кандидати за пехарот.
-Во трката за титулата сè уште ги ставам Арсенал и Ливерпул. Мислам дека Сити ќе се мачи. Го немам Челси во трката за титулата. За мене само Арсенал и Ливерпул. Сакам да бидам претпазлив. Арсенал може добро да реагира ако Ливерпул почне да губи бодови како со Њукасл.
-Требаше да го добијат тој натпревар дури и ако беше фер резултат, на 3-2, требаше да победат. Со Челси сакам да бидам претпазлив бидејќи тие се уште се млади играчи и самодовербата лесно може да ја изгуби поради неискуството, -истакна Лебеф за „ЕСПН“.
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот