Поврзете се со нас

Свет

Лебеф направи бизарна споредба меѓу Меси и Зидан и објасни зошто Лео не треба да ја освои „Златната топка“

Објавено

на

Франк Лебеф воглавно беше резерва на историското Светско првенство на кое Франција ја освои титулата на домашно тло, но поранешниот стопер може да се пофали со мундијалската титула како член на златната генерација и поради тоа, доста често неговиот збор надалеку се слуша во јавноста.

Во последното гостување кое го имал во „Телефут“, некогашниот играч на Челси и Марсеј направи бизарна споредба меѓу Лионел Меси и Зинедин Зидан, образложувајќи зошто Аргентинецот не треба да ја освои „Златната топка“ оваа година.

И покрај тоа што не освои важна титула со Барселона, Меси е еден од главните фаворити за најпрестижното индивидуално признание, нешто што според Лебеф не треба да заврши во неговите раце поради една необична причина.

– Во 2000-та и 2006-та година, Зинедин Зидан доби црвен картон на важни натпревари и не ја освои „Златната топка“.

– Меси доби црвен картон во финалето на шпанскиот Суперкуп и тоа според мене се смета во гласовите на новинарите. Ако во 2000-та и 2006-та година не ја доби Зидан, истото треба да биде и со Меси, – порачач Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни