Поврзете се со нас

Италија

Леао откри до кога се гледа во Милан и посочи што мисли за саудиските пари: За мене ЛШ вреди повеќе од плата од 10 милиони евра!

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Португалскиот ас, Рафаел Леао веќе неколку години е во редовите на италијанскиот прволигаш Милан каде сега дефинитивно е еден од лидерите, играч од кого постојано се очекува да ја презема одговорноста, да направи магија, разлика и тоа на постојано ниво, да биде конзистентен.

Офанзивецот има проблеми со оваа последна точка и често е критикуван, но повеќе од јасно е дека кога е расположен, фит, тој е едноставно незапирлив и меѓу најдобрите фудбалери на својата позиција. Тој пред неколку месеци потпиша нов договор со „росонерите“ и со тоа стави крај на постојаните шпекулаци за неговата иднина за да сега обелодени ушти колку време се гледа во Милано.

-Никогаш не можеш да кажеш никогаш, но јас сум во клуб кој одлично ме пречека, сега го обновив договорот, ако размислував да си заминам немаше да ја продолжам соработката, фокусиран сум на големи работи во следните две или три години со Милан, -порача Рафа и притоа испрати порака за огромните суми на пари кои сега доаѓаат од Саудиска Арабија.

-Сè уште немам постигнато големи резултати за да одам во таква лига. Во последните денови парите зборуваат погласно, но за мене на пример Лигата на шампионите вреди повеќе од плата од 10 милиони евра, -заклучи Леао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни