Поврзете се со нас

Италија

Леао одбил супер богата понуда од клуб од Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Рафаел Леао со својата Португалија настапува на Европското првенство, но без разлика на тоа понатаму е актуелно прашањето околу неговата иднина во Милан без разлика што има важечки договор до 30 јуни 2028 година.

Златан Ибрахимовиќ го посочи Леао како дел од клучните играчи кои ќе останат во Милано, ама ова не им пречи на заинтересираните клубови да пробаат да дојдат до неговиот потпис како што е случајот со Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Италијански „Кориере Дело Спорт“ пренесува дека на напаѓачот му била претставена супер богата понуда според која би заработувал по 20 милиони евра по сезона.

Офанзивецот ја одбил понудата со порака дека размислува само за Милан и покрај тоа што знае да биде на мета на критичарите на Апенините.

Минатава сезона ја заврши со 15 голови и 14 асистенции на 47 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни