Поврзете се со нас

Италија

Леао: Неверојатно е тоа што го направи за само неколку дена, овој менталитет ќе ни помогне да победуваме

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан е освојувач на Супер Купот на Италија и тоа откако во два натпревари успеа да победи големи ривали Јувентус и Интер.

Прво со пресврт славеше над „старата дама“ со 2-1, а потоа направи уште поголемо „чудо“ и се избори за славје над „нероаѕурите“ со 3-2 иако до 52 минута губеше со 2-0.

Еден од најзаслужните за освоениот пехар дефинитивно е Рафаел Леао кој успеа да закрепне на време, односно влезе во игра во вториот дел на вчерашниот натпревар и веднаш направи разлика на теренот каде беше нерешлива енигма за градскиот ривал. Тој на крајот запиша и асистенција за клучниот погодок на Ејбрахам во судиското продолжение со што на идеален начин ја круниса партијата.

Офанзиевцот е пресреќен поради партијата, трофејот, но и тоа што има можност да соработува со сонародникот Консеисао.

-Не го познавав лично Консеисао, имав слушнато од пријателите во Порто кои работеа со него дека има силен карактер. Она што го направи за само неколку дена е неверојатно. Она што тој го кажува, ми треба тоа и ја почувствував таа енергија што им е потребна на сите. Чувствувам дека промената е видлива на теренот и надвор од него, овој менталитет ни помага да победиме и да го направиме она што успеавме денес.

-Против Јувентус и Интер никогаш не се откажавме. Не можете секогаш да го имате вашиот најдобар натпревар, но сепак можете да добивате игри со карактер. Тоа е глад и енергија. На моменти правите грешки, можете да имате погрешно додавање или дриблинг, но желбата е она што ја прави разликата. Ја имавме таа желба против Јувентус и денес е фундаментална.

-На никого не може да биде удобно за местото само затоа што е во Милан. Сите мора да бидат подготвени да му помогнат на тимот, да го дадат својот максимум. Знам дека тренерот ќе ме поттикне да бидам најдобар, а јас пак ќе му помогнам на тренерот бидејќи знам дека ќе ме притисне, -порача Леао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни