Поврзете се со нас

Италија

Леао: Немав никаков однос со претходникот на Пиоли, добро е што траеше само седум меча!

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Рафаел Леао ужива огромна доверба од Стефано Пиоли и се разви во вистинска фудбалска ѕвезда под негово водство, па затоа во својата автобиографија вели дека имал само еден вистински тренер во својата досегашна етапа на „Сан Сиро“.

Младиот Португалец беше доведен од Лил во 2019-та година и уште тогаш беше најавен како голем талент, но почна да го покажува тоа дури откако Пиоли пристигна на чело на првиот тим.

Претходно, Леао имаше неколкумесечна соработка со Марко Џампаоло и самиот открива дека истата не била воопшто добра, бидејќи не изградил никаков однос со поранешниот преводник на „росонерите“.

– Во својата досегашна кариера во Милан имав вкупно двајца тренери, или само еден вистински. Едноставно немав никаков однос со Џампаоло, не зборувавме и не разменувавме мислења. Дојдов како 19-годишно момче и се соочив со голем предизвик.

– Ми беше многу тешко, не го зборував јазикот и на почетокот добив помош од Андре Силва. Тој си замина следниот месец и после тоа воспоставив врска со Бенасер, играч кој беше купен три дена после мене. До ден денеска, за него можам да кажам дека ми е како брат. Стартот беше навистина тежок, тренерот не ме сфаќаше и не знаеше да ме користи на теренот. Имав навистина ладен однос со Џампаоло, имавме само формално поздравувања и ништо повеќе од тоа. Игравме многу лошо под негово водство, јас бев ужасен ии после неколку меча тој беше отпуштен. Траеше само седум меча и после него се променија сите работи за мене во Милан, – објаснува Леао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни