Италија
Леао не го крие незадоволството по големото трансфер разочарување кое го режираше Милан: Никогаш не очекував вакво нешто

Њукасл денеска официјално го потврди ангажманот на Сандро Тонали и со тоа досегашниот играч на Милан стана најскапиот италијански фудбалер на сите времиња, бидејќи англискиот клуб издвои 70 милиони евра за неговиот трансфер.
Со ова се стави крај на гласините кои траеја веќе неколку недели, а сега им стана јасно и на ѕвездите на Милан дека останаа без еден од најдобрите поединци во тимот.
Разочарувањето за ваквиот епилог не го крие Рафаел Леао, кој откако ја презема „10-та“ која му припаѓаше на Брахим Дијаз, сега ќе биде убедливо најголема ѕвезда во тимот на Стефано Пиоли.
– Тонали беше многу важен играч за нас и никогаш не очекував вакво нешто. Не очекував дека ќе си оди. Тој правеше разлика за нас во средниот ред, гледав на него како наследник на Гатузо.
– Тој е фан на Милан од најмали нозе и го гледав во клубот уште многу долго. Имаме добар однос и тоа ќе остане така. Нема што да се каже друго, му посакувам се најдобро и успех во новата авантура, – вели Леао.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 14 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 24 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 22 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 2 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…