Поврзете се со нас

Италија

Леао му одговори на легендарниот Костакурта: Не сум перфектен….

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Рафаел Леао има проблем да врзе добри настапи во континуитет и тоа често знаат да му го „плеснат“ во фаца познатите експерти, особено во ситуација кога се мачи на стартот на сезоната под водство на Пауло Фонсека.

Португалецот одговори позитивни на последните три меча кои ги одигра против Монца, Реал Мадрид и Калјари, но претходно на три меча во низа беше резерва во Серија А и во тој период трпеше сериозни критики за својата ситуација во тимот.

Еден од најострите беше Алесандро Костакурта кој заклучи дека Леао никогаш нема да биде голем шампион, па иако Леао избегнуваше да одговара на оваа тема, сега доби прилика за такво нешто во Португалија.

– Не се согласувам со неговите зборови. Имам добра сезона во Милан, но како и сите други, имам подеми и падови. Сезоната штотуку започна, има уште многу за играње. Знам дека не сум перфектен играч и понекогаш можам да направам многу повеќе.

– Сепак, јас не сум потресен од ваквите критики, имам луѓе крај мене кои ме тераат да се подобрувам секој ден. Тоа се луѓето кои сакам да ги слушам и чии зборови допираат до мене. Критиките само ми додаваат гориво за да имам подобар одговор на теренот, – потенцира Леао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни