Италија
Леао: Милан ми помогна повторно да се пронајдам

Милан му одржа вистинска лекција на актуелниот лидер во Серија А, Наполи и тоа на негов терен во Неапол каде го суреди со 4-0.
Каква лекција од шампионот: Милан го понижи Наполи на „Диего Армандо Марадона“ (ВИДЕО)
„Росонерите“ покажаа зошто се уште се актуелни шампиони и со одлична партија испратија порака дека никогаш не треба да ги отпишиваат затоа што ова е тим кој поседува карактер, знаење, борбеност, квалитет и потенцијал. Во главна улога беше Рафаел Леао кој даде два гола, негови први голови по месец јануари, поточно од дуелот со Лече.
-Знаевме дека ова е важен меч против голем противник кој има прекрасна сезона. Слушнавме некои работи што луѓето ги кажаа надвор од Милано и кои ни дадоа дополнителна енергија. Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи и тимот, бидејќи работевме неверојатно како единица, ова е Милан, -порача Леао кој даде одговор за прославата на голот.
-Само сакам да одговорам на теренот. Сакам да го слушам мојот тренер и оние што работат овде, луѓето што зборуваат надвор од клубот не ме интересираат. Тоа повеќе ме мотивира. Имав неколку комплицирани месеци, сега повторно се најдов благодарение на мојот тренер и мојот тим, -истакна Португалецот кој на крајот го размени дресот со Квича Кварацхелија.
-Можам да кажам дека сум негов голем фан, тој е играч што ми се допаѓа поради она што го прави на теренот, сличен е на мене во тоа што сака да ги однесе противниците и има фантастична сезона, -заклучи офанзивецот.
-
Шпанијапред 11 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Англијапред 24 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 15 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 13 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 14 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно