Поврзете се со нас

Италија

Леао искористи изјава на Ибрахимовиќ за да ги „олади“ критичарите (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Рафаел Леао не успеа целосно да се наметне кај новиот тренер Пауло Фонсека, па од стартот на сезоната има доста подеми и падови кои резултираа и со чести критики од страна на италијанските медиуми.

Сепак, Португалецот се чини дека наметна одреден континуитет во последниот месец и игра далеку подобро од дербито со Реал Мадрид, а новиот гол против Сасуоло во Купот го искористи за да испрати нова порака до хејтерите.

Леао искористи една поранешна изјава на Златан Ибрахимовиќ, па преку гласот на својот ментор им се обрати на луѓето кои му се дежурни критичари.

– Нормално е да бидеш критикуван. Ако не си критикуван, нема да бидеш на врвот.

– Јас сум критикуван 25 години поради тоа што сум број 1 и навикнат сум на тоа. За мене тоа е како да се додава бензин во оганот. Кога си играте со оган, на крајот добивата изгореници, – гласи изјавата на Ибра споделена од Леао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни