Поврзете се со нас

Италија

Леао и Томори во еден глас: Покажавме што можеме да направиме

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан со фуриозна партија го разби Сасуоло со 6-1 и обезбеди место во Топ 8 во Купот на Италија.

„Росонерите“ во текот на сезонава знаеја да покажат слабости во соочувањата со помали екипи, меѓутоа во случајов во одржаа лекција на лидерот во Серија Б, поточно го решија прашањето околу победникот веќе по првиот дел кој го добија со 4-0.

-Мислам дека сите беа агресивни и одиграа навистина добро. Поставивме цели оваа сезона и покажавме што сакаме да направиме, -истакна Рафаел Леао.

-Секако дека целта е титула во Копа Италија. Ние сме силен тим, сакаме да победуваме на секој натпревар без разлика дали тоа е во Купот на Италија, Лигата на шампионите или Серија А. Друга од нашите цели оваа сезона е да примиме помалку голови. Подобро се браниме како тим, не сум среќен што не ја зачувавме мрежата, но работиме на подобрување. Покажавме дека сме силен тим и сакаме да победуваме, -порача пак Фикајо Томори.

„Црвено-црните“ во наредната фаза ќе играат со подобриот од Рома-Сампдорија, но прв нареден предизвик сега е дербито со Аталанта во Калчото закажано за в петок од 20:45 часот во Бергамо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни