Поврзете се со нас

Италија

Леао: Фонсека бара нешто што не го барал ниту еден тренер од мене

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Пауло Фонсека се одлучи за една невообичаена практика во фудбалот и самиот решава да ги менува капитените на Милан од натпревар во натпревар, па така лентата на последниот меч ја носеше Рафаел Леао.

Крилниот напаѓач имаше улога на капитен против Лече и сега голема непозната е кој ќе има таков статус утре против Баер Леверкузен во Лигата на шампиони, но пред возбудливиот меч во Германија, Леао говореше за односот кој го изградил со новиот тренер во изминатиот краток период.

Леао само признава дека Фонсека бара нешто што не го барал ниту еден друг тренер од него досега, бидејќи Португалецот сака да види сериозен напредок во играта во одбрана, нешто што дефинитивно е најслаба карактеристика на Рафа.

– Од првиот ден кога е тука со нас, Фонсека не ми зборува за голови и асистенции, тој сака да ме промени во фазата на одбрана. Сака да бидам пофокусиран на дефанзивната работа.

– Тој ми помага да бидам подобар, дури и на патот кој го имавме до Германија, тој ми покажуваше видеа за тоа како треба да се поставувам. Тој е некој кој навистина многу ми помага во овој момент. Ми покажува движења без топка, како да се позиционирам и како да скокам. Пауло ми покажува повеќе дефанзивни работи откако е тука со нас, – открива Леао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни