Поврзете се со нас

Италија

Леао е убеден: Милан за брзо време ќе ја освои ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан е екипа која е при самиот врв кога се во прашање освоените пехари во најпрестижното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите, но во исто време „росонерите“ веќе доста време се на бројката седум, поточно чекаат на успех од 2007 година.

„Росонерите“ во минатата сезона направија изненадување и стигнаа до полуфиналето каде беа надиграни од градскиот ривал Интер, но ова за напаѓачот е добра причина, основа да верува дека екипата за брзо време може да отиде до крај и да го донесе европскиот трофеј во Милано.

-Мислам дека клубот е на добар пат, успеавме да се пласираме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сега целта на клубот мора да биде да продолжи да оди нагоре, да продолжи да додава, да продолжи да биде силен. И сигурен сум дека Милан наскоро ќе се врати на освојување на Лигата на шампионите што е нашата цел. Зборувам за себе, јас сум млад, јас сум играч кој сака да освојува големи работи, Лигата на шампионите мислам дека е сон на секој играч и ние работиме за тоа, -порача Леао за „Portugal GQ“.

Леао откри до кога се гледа во Милан и посочи што мисли за саудиските пари: За мене ЛШ вреди повеќе од плата од 10 милиони евра!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни