Италија
Леао директен: Не сакам да седам на клупа…
Милан потешко од очекувањата го совлада Слован Братислава (3-2) во Лигата на шампионите во меч во кој играч на натпреварот беше Рафаел Леао иако играше само во второто полувреме.
Португалецот направи разлика, постигна и погодок, а по натпреварот испрати и јасна порака дека не му се допаѓа што е резервист и добива шанса од клупата, меѓутоа ако е тоа за доброто на тимот е подготвен да помогне.
-Се е решено. Фонсека знае дека не сакам да седам на клупата, но ако одлучи поинаку, јас сум секогаш подготвен за мојот тим. Среќен сум, тренерот врши добра работа и сакаме уште повеќе да ги разбереме неговите идеи. Резултатите ќе дојдат со текот на времето, -истакна Леао.
Свој збор на темата имаше и тренерот Пауло Фонсека.
-Секогаш разговарам со Рафа, тој знае зошто не играше денес. Разбра, а кога влезе беше одлучувачки играч. Мислам дека тоа е она што сите го сакаме. Среќен сум. Дури и кога е на клупата, тој секогаш сака да му помогне на тимот и тоа е навистина позитивно, -порача Фонсека.
-
Шпанија12 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Италија23 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Формула 112 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет11 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
НБА14 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Италија13 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија
-
Лига на шампиони14 часа
Дибиров стигна до второто место на вечната листа, реализираше атрактивно во историската ноќ (Видео)