Ристовски и Спортинг преку Астана во осминафиналето на Лига Европа (Видео)

sporting

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра цел натпревар за Спортинг Лисабон, а неговиот тим испушти втора победа против Астана длабоко во судиското продолжение. Сепак и ремито 3:3 беше доволно за да се потврди пласманот во осминафиналето на Лига Европа, бидејќи Португалците славеа на првата средба со 3:1.

Дост и на два пати Фернандес беа стрелци на головите за португалскиот тим кој продолжува во ова европско натпреварување, а таму со по две победи се најдоа Атлетико Мадрид и Лион.

Лацио ја декласираше Стеауа со триумф од 5:1 во кој Имобиле постигна хет-трик, додека Наполи оствари пирова победа од 2:0 кај Лајпциг и поради поголемиот број голови на гостински терен, Германците се најдоа во следната фаза.

Атлетико (М)-ФК Копенхаген 1:0
Плзен-Партизан 2:0
РБ Лајпциг-Наполи 0:2
Вилјареал-Лион 0:1
Динамо (К)-АЕК 0:0
Лацио-Стеауа 5:1
Зенит-Селтик 3:0
Спортинг-Астана 3:3

Спортинг – Астана. Обзор матча. Лига Европы. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Facebook Коментари