Поврзете се со нас

Лига Европа

ЛЕ: Рамздејл боксуваше во празно, Педро покажа класа со првиот допир со топката (Видео)

Објавено

на

Арсенал го победи ПСВ на домашен терен и обезбеди пласман во главната фаза во Лигата на Европа, но вечерва го претрпе првиот пораз во ова натпреварување на гостувањето во Холандија.

ПСВ успеа да се реваншира за поразот во Лондон и вечерва славеше со 2:0 во натпревар во кој извонредно ги користеше своите шанси, односно искористи и една голема грешка на Рамздејл.

Пред крајот на првиот дел, судијата поништи еден извонреден гол на Чави Симонс поради офсајд, но Арсенал немаше што да протестира во второто полувреме кога погодоци постигнуваа Верман и Де Јонг.

За вториот, главен виновник е Рамздејјл кој боксуваше во празно и му овозможи на напаѓачот на ПСВ само да се поклони и да ја погоди празната мрежа, што се покажа како последно големо возбудување пред двата гола.

Од останатите средби, вреди да се напомене дека Лацио конечно проработи и во Европа, односно ја запиша втората победа и стигна блиску до влез во нокаут рундата.

Лацио се мачеше против Митјиланд и мораше да прави пресвсрт за победа од 2:1, која беше осигурана од искусниот Педро кој покажа класа и со ја затресе мрежата со својот прв допир на топката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни