Шах
Лазов, Недев и Богдановски најуспешни на новогодишниот затворен турнир на „Алкалоид“

Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои првото место на ревијалниот шаховски турнир што шаховскиот клуб „Алкалоид“ го организираше во своите нови простории во центарот на Скопје.
Иако идентичен бодовен резултат како него (5,5 од 7) имаа и велемајсторите Трајко Недев и Влатко Богдановски, Лазов се издвои како најдобар според дополнителните „тај-брејк“ параметри. Велемајсторот Звонко Станојоски и минатогодишниот шампион на Македонија, Филип Михов, обајцата со по 5 бода се најдоа веднаш зад најуспешните.
На турнирот покрај првотимците на нашиот најтрофеен шаховски колектив, играа и дел од напредните младинци, со што листата на учесници имаше над 20 играчи. Тоа беше ретка можност и учениците да играат со своите „професори“ и да стекнат нови искуства. Иван Велкоски со 4,5 поени беше најснаодливиот меѓу најмладите кои играа на забрзаното темпо од 10 минути за играч плус 5 секунди од потег.
Габриела Коскоска беше најуспешната меѓу претставничките од понежниот пол, делејќи го седмото место со уште пет играчи кои имаа по 4 поени.
Клубот им додели пригодни награди на сите 23 учесници, а посебно ги награди младите Илијана Велева, Дино Табаковски и Стојан Велкоски, кои имаа силни настапи на меѓународната сцена и донесоа трофеи од европски и балкански натпреварувања.
-
Светпред 22 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 17 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 21 час
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 19 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)