Поврзете се со нас

Англија

Лажниот потег на Палмер заврши со гол, фановите на Челси воодушевени од својата ѕвезда (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси влезе во резултатска криза која никој не можеше да ја замисли пред само еден месец, но тоа е само уште еден доказ дека овој тим на Енцо Мареска дека сепак не е дораснат да се бори за титулата.

„Сините“ заборавија да победуваат и веќе пет меча во низа немаат победа во Премиер лигата, а вчера одново не славеа на натпревар на кој први поведоа.

Челси на крајот се избори за реми против Борнмут и Џејмс погоди за 2:2, но покрај мајсторијата на капитенот, доста споделуван момент е и голот за водство од 1:0.

Кол Палмер и натаму игра на највисоко ниво и во кризен период на тимот, а доказ за тоа е извонредното размислување кое го демонстрираше во ситуацијата „еден на еден“.

Палмер со лажен потег го легна голманот Траверс и потоа лесно погоди на празен гол, техника која само потврдува дека нивото на самодоверба кај Англичанецот е на највисоко можно ниво.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни