Поврзете се со нас

НБА

Лажниот Клеј Томпсон откри како го измами обезбедувањето и се загреваше за мечот од НБА финалето (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Голден Стејт Вориорс славеше над Бостон Селтикс во петтиот меч од финалната серија во НБА лигата и со тоа дојде на чекор од титулата.

Ова беше дуел кој дефинитивно го одбележа Стеф Кари со катастрофалниот шут (0/9 за три) за три со што ја прекина неверојатната низа, но во исто време големо внимание привлече една ситуација зад сцената.

Сите оние што редовно ги пратат случувањата во НБА добра знаат дека ѕвездата на „воините“ Клеј Томпсон има вистински двојник, човек кој многу личи на него и многумина луѓе се сликаат, разговараат со него, бараат автограми, односно не можат да препознаат дека е копија.

Тоа е Досон Гурли кој воедно е голем фан на Голден Стејт, па пред петтиот меч во финалето се одлучи да направи еден ризичен потег кој на крајот му донесе жестока санкција.

Тој успеа да ги мине сите „филтри“ и да го помине обезбедувањето во „Чејс центарот“ по што излезе на теренот и се загреваше, шутираше некои десет минути. На крајот беше забележан од обезбедувањето по што беше избркан од арената за да потоа добие известување дека има добиено доживотна забрана за влез на мечевите на Голден Стејт и покрај тоа што поседува билети.

-Дали вредеше да потрошиш 10.000 долари на билети и потоа добиеш доживотна забрана? Апсолутно. Бев НБА кошаркар 10 минути човече, -напиша Гурли на социјалните мрежи.

Еве како изгледаше влезот, денот на лажниот Томпсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни